Text Size
   

Белешка

a

ДГ Кубус Скопје настана заедно со осамостојувањето на Република Македонија, со единствен капитал идеа и желба за остварување во областа на Архитектурата и градежништвото. Не е резултат на никаква транзициска трансформација со префрлање на државен во приватен капитал ниту на дооформување на државен имот на фирмите основани со народни пари од СФРЈ во приватни компании. Имено, кога зборуваме за Општествена одговорност, одговорните во Друштвото се на мислење дека одговорноста започнува од самите почетоци и форми на настанување. Во својот развој  вработените во ДГ Кубус се сретнаа со низа препреки и неправилности кои објективно го попречуваат нормалниот развој на претпријатијата во Република Македонија, па затоа во рамките на своите можности Друштвото помага за развојот на заедницата преку донации, спонзорства, едукација, заложба за заедничка одговорност, изработка на проекти.
Кубус (lat. Cubus = Македонски Коцка, Волумен) е македонска компанија со целосно приватен капитал. Основана е 1992 година со седиште во Скопје.  Регистрирана е во Централниот регистар на Република Македонија со претежна дејност Градежништво. Сеопфатноста на дејноста обединува повеќе служби во компанијата поврзани со изведба на објекти од високоградбата во форма на повеќе подружници и зависни компании. Инжинерингот кои го опслужуваат групата на фирми опфаќаат проектирање, решавање на имотно правните односи, изведба на објекти, IT консалтинг,  IT едукација и  IT сервиси, сектор за едукација одобрен и акредитиран од Microsoft, а воден и применет преку компанијата B-Kings. Кубус со инжинерингот ја дава поддршката на своите клиенти од идеа, преку решавање на формалните прашања, проектирање, изведба со сопствена работна сила, изведба со сопствени инвестиции, до предавање на имотот во согласност со пропишаната процедура на законската регулатива на Р. Македонија.
За извршување на дејноста Кубус ги поседува потребните Лиценци за фирмата, стекнати со 22 години работа и потребниот број на вработени со Овластувања.
Кубус со дејноста за која е регистриран во доменот на инжинерингот, учеството на субјектот е 54,4%  на Републичко ниво (податок на Централен Регистар на Република Македонија за 2013 година).
Во согласност со Europe Business Assembly и Summit of Leaders, Кубус е номиниран во најуспешните фирми во Европа во доменот на градежништвото за 2012, 2013 и 2014 година, а во 2012 година доделен е орден за истрајна работа.
Заштитниот знак на ДГ Кубус дооел е во согласност со значењето на името извлечено од латинскиот, коцка со пропорција 5:4, а буквите во нивниот латиничен и кириличен фонт се проектирани и заштитени со законот за заштита на авторски права.
Респективно, Кубус сопствената општествена одговорност ја искажува со поддршка на театарски престави, музички концерти, книгоиздавателство и спорт. Во 22 години постоење, вработените на Кубус изградиле преку 250.000 м2 објекти, претежно од високоградбата, станбени, деловно-административни, објекти наменети за спортски активности, индустриски објекти. Со целосна поддршка на развитокот на градежништвото во Р. Македонија стручните лица на компанијата земаат активно учество во Институциите задолжени за промоција и подобрување на стандардите за градба.
ДГ Кубус Скопје настана заедно со осамостојувањето на Република Македонија, со единствен капитал идеа и желба за остварување во областа на Архитектурата и градежништвото. Не е резултат на никаква транзициска трансформација со префрлање на државен во приватен капитал ниту на дооформување на државен имот на фирмите основани со народни пари од СФРЈ во приватни компании. Имено, кога зборуваме за Општествена одговорност, одговорните во Друштвото се на мислење дека одговорноста започнува од самите почетоци и форми на настанување. Во својот развој  вработените во ДГ Кубус се сретнаа со низа препреки и неправилности кои објективно го попречуваат нормалниот развој на претпријатијата во Република Македонија, па затоа во рамките на своите можности Друштвото помага за развојот на заедницата преку донации, спонзорства, едукација, заложба за заедничка одговорност, изработка на проекти.
Кубус (lat. Cubus = Македонски Коцка, Волумен) е македонска компанија со целосно приватен капитал. Основана е 1992 година со седиште во Скопје.  Регистрирана е во Централниот Регистар на Република Македонија со претежна дејност Градежништво. Сеопфатноста на дејноста обединува повеќе служби во компанијата поврзани со изведба на објекти од високоградбата во форма на повеќе подружници и зависни компании. Инжинерингот кои го опслужуваат групата на фирми опфаќаат проектирање, решавање на имотно правните односи, изведба на објекти, IT консалтинг, IT едукација и IT сервиси, сектор за едукација одобрен и акредитиран од Microsoft, а воден и применет преку компанијата B-Kings. Кубус со инжинерингот ја дава поддршката на своите клиенти од идеа, преку решавање на формалните прашања, проектирање, изведба со сопствена работна сила, изведба со сопствени инвестиции, до предавање на имотот во согласност со пропишаната процедура на законската регулатива на Р. Македонија.
За извршување на дејноста Кубус ги поседува потребните Лиценци за фирмата, стекнати со 22 години работа и потребниот број на вработени со Овластувања.
Кубус со дејноста за која е регистриран во доменот на инжинерингот, учеството на субјектот е 54,4%  на Републичко ниво (податок на Централен Регистар на Република Македонија за 2013 година).
Во согласност со Europe Business Assembly и Summit of Leaders, Кубус е номиниран во најуспешните фирми во Европа во доменот на градежништвото за 2012, 2013 и 2014 година, а во 2012 година доделен е орден за истрајна работа.
Заштитниот знак на ДГ Кубус дооел е во согласност со значењето на името извлечено од латинскиот, коцка со пропорција 5:4, а буквите во нивниот латиничен и кириличен фонт се проектирани и заштитени со законот за заштита на авторски права.
Респективно, Кубус сопствената општествена одговорност ја искажува со поддршка на театарски престави, музички концерти, книгоиздавателство и спорт. Во 22 години постоење, вработените на Кубус изградиле преку 250.000 м2 објекти, претежно од високоградбата, станбени, деловно-административни, објекти наменети за спортски активности, индустриски објекти. Со целосна поддршка на развитокот на градежништвото во Р. Македонија стручните лица на компанијата земаат активно учество во Институциите задолжени за промоција и подобрување на стандардите за градба.

 

Посетители во моментов

We have 135 guests online